Сопругата на Михаел Шумхаер, Корин започна со распродавање на имотот, кој го поседува семејството ширум светот. Германските медиуми пишуваат дека не се работи за криза во семејството оти Корин се помирала со фактот дека сопругот никогаш нема да биде оној стариот.
Корин го продала приватниот авион, кој се проценува околу 49 милиони долари, а се ослободила уште од голем имот во Норвешка и куќата во Мерибел, Франција, која е во близина на местото од несреќата кога Шумахер падна при скијање во 2013 година.
Опоравувањето на Шумахер во Женева оди бавно, но според планот, а будно го следат врвни 15 доктори кои секојдневно прават анализи.
Никогаш пишувањата на одредени медиуми дека тој прозборел и почнал да комуницира со најблиските не се потврдени и случајот целосно е изолиран од јавноста по барањето на фамилијата од Шумахер.
Ohridnews