Сопругата и синот на Субрата Рој Сахара стекнале државјанство на Република Македонија, информира телевизија Телма.

„ Сушанто Рој и Свапна Рој, син и сопруга на шефот на „Сахара груп“ Субрата Рој, се здобиле со државјанство на Република Македонија, земја лоцирана во централниот Балканскиот полуостров во Југоисточна Европа. Постојат информации и за уште еден клучен директор на компанијата кој се стекнал со македонско државјанство“, ја пренесува Телма информацијата објавена во индискиот магазин Манилајф. Во текстот се вели дека додека Субрата Рој останува во затвор поради тоа што не ги почитувал наредбите на Врховниот суд  на Индија, клучните членови на семејството Рој, кои се дел од моќни приватни инвестициски компании кои го контролираат  повеќето од капиталот на компанијата, не се  индиски државјани.

„ Интересно е тоа што дознаваме дека Субрата Рој повеќепати бил гостин на државниот врв на  Македонија, каде најавил изградба на огромна статуа на Мајка Тереза, но и на казино“, пишува магазинот, кој барал потврда за својот текст од „Сахара груп“ и дошол до заклучок дека Македонија е една од најевтините земји за добивање на државјанство во замена за инвестирање.

Се споменува сумата од најмалку 400.000 евра и вработување на најмалку 10 луѓе.

OhridNews

извор Телма