Семинар и промоција на туристичките потенцијали на Македонија и Чешка ќе се одржи денес во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.
Претставници на ресорните министерства од Чешка и С. Македонија како и тур оператори и хотелиери ќе ги престават сопствените капацитети и потенцијали за сорабтока и инвестиции со цел туристичката размена меѓу двете земји да добие на интензитет и квалитет, велат од Библиотеката.
Посочуваат дека Чешката Република и Северна Македонија поседуваат богато културното наследство, историски градови и традиции, природни пејзажи, езера, планини, гастрономијата и разновидните форми на културен и искуствен туризам. Обете земји, додаваат, имаат значителен потенцијал да привлечат посетители и понатаму да ги развиваат своите туристички пазари.
Настанот ќе започне во 11 часот.
OhridNews











