Актерот Семјуел Л. Џексон се придружил на екипата на трилерот “Cell” кој ќе биде сниман според истоимениот роман на Стивен Кинг. покрај Џексон, во филмот ќе игра и Џон Кјузак, а ова е втор пат тие двајца да соработуваат на ист прокет. тие веќе глумеле заедно во филмот “1408”, исто така сниман според кратка приказна која ја напишал Кинг.

“Cell” ќе го адаптира самио Кинг во филм според својот роман од 2006 година. Сејството на филмот следи автор на стрип кој ќе се најде сред страшен настан под име “The Pulse”, кој предизвикува убиствен бес кај корисниците на мобилни телефони, и не минува долго време додека целиот пекол не се прошири на поголемиот дел од територијата на САД. Кјузак ќе го игра цртачот на стрипот Клејтон Ридел. Снимањето на филмот кој ќе го режира Тод вилијамс, би требало да започне во јануари следната година.