Членовите на Сенатот на Универзитетот Св. Апостол Павле, што донесоаа одлука за разрешување на д-р Марина од функцијата ректор неофицијлано се информирани за одлуката на Државниот просветен инспекторат за да се поништи седницата на Сенатот на одржан на ден 12.03.2013 година, како и донесените одлуки на таа седница, се вели во дописот до медиумите испратен од највисокиот орган на универзитетот.

-Како академски граѓани ќе ги почитуваме сите одлуки  на овластените државни органи, но и ќе ги користиме сите законски средства за да победи правдата, загарантираната академска слобода и автономијата на универзитетот. Поради тоа Решението ќе биде обжалено.-стои во соопштението на сенатот.

Во него уште додава дека најверојатно членовите на Сенатот ќе побараат од соодветните органи на државата да се спроведе и истрага кон инспекторите што го потпишале решението и записникот, поради не соодветна констатирана состојба и неточни наводи констатирани во записникот, добиени од други извори.

-Исто така ги повикуваме инспекторите да што поскоро донесат решение и во врска со претставките што се поднесени за укинување на одлуките за избор на Нинослав Марина во редовен професор и избор во ректор.-се вели во соопштението.

OhridNews