Сенатот при УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид, соопшти дека ја назначува Устијана Речкоска Шикоска за привремен управител со ректорската управа. „Истата чека чека да биде одобрена од државните органи.“- се вели во соопштението.

Од сенатот реагираат на денеска изнесените официјални ставови на универзитетската управа, посочувајќи дека врз основа на Законот за високо образование, како и Статутот на УИНТ, Универзитетскиот Сенат е орган на управување со Универзитетот, додека ректорот и ректорската управа се бираат и разрешуваат од страна на Сенатот, а не обратно. „Токму тие членови што т.н. ректорска управа ги нарекуваат „поединици“, ги избрале и ги разрешиле членовите на ректорската управа.“-стои во соопштението.

Од Сенатот велат дека Државниот просветен инспекторат, не ја поништил туку наложил „да се поништи“ седницата на сенатот од 12.03.2013 година  и одлуките донесени на неа, поради законски и статутарни пропусти, за што бил даден рок од 3 дена.

-Единствено што можи да поништи одлуки од Сенатот, е самиот Сенат, а не разрешен ректор или разрешена ректорска управа. Исто така Државниот просветен инспекторат со ниту една реченица, не констатира дека станува збор за „поедници“, туку дека станува збор за „одлуки на Сенатот“, кои треба да се поништат. Државниот просветен инспекорат го оспори мандатот на сенаторите странци, кои не се во редовен работен однос, но не го оспори мандатот на Доц. д-р Рубин Земон и студентот Марјан Шапкароски. Поради тоа преостанатите членови на Сенатот постапија по решението на Државниот просветен инспекторат и на седницата одржана на ден 19.01.2013 година ја поништија седницата на Сенатот, како и одлуките донесени на таа седница. На истата седница се донесоа нови одлуки со кои се поништија одлуките за избор на Нинослав Марина за ректор, односно на Тони Стојаноски и Братислав Станковиќ, за проректори како незаконски и нестатутарни. За оваа постапување денес е информиран Државниот просветен инспекторат.-се вели во соопштението.

OhridNews