
Сенатот испрати нов допис до медиумите во кој се наведува дека состојбата на универзитетот и натаму е заплеткана. Членовите на сенатот тврдат дека нивната одлука за разрешување на ректорот Нинослав Марина и проректорите е донесена согласно статут и закон и обвинуваат за мешањето на одредени структури надвор од Универзитетот, во автономијата на Универзитетот.
Сенатот, исто така, обвинува дека кон професорите кои ја изгласале таквата одлука се врши дискриминација, оневозможена им е службена комуникација и имаат опструкции во работата. Уште обвинуваат за неовластено присуство на лица од Универзитетот во Штип во просториите на УИНТ Охрид.
-Од сите случувања, најнепријатна е одлуката на Универзитетот во Норвич, САД, да привремено ја прекинат соработката со нашиот Универзитет, до конечното решавање на спорот во УИНТ „Св. Апостол Павле“. – стои во соопштението на Сенатот. Оттаму информираат дека Универзитетот во Норвич им дозволил на сите студенти од УИНТ да го завршат семестарот.
Сенатот бара од ректорот на универзитетот да излезе во јавност и да одгововори на забелешките и обвинувањата околу неговото назначување на функцијата, посочувајќи дека сегашната состојба е неодржлива и може сериозно да му наштети на УИНТ Охрид.












