Сенатот на УИНТ „Св. Апостол Павле“- Охрид, на седницата одржана денеска, постапи според наредбата на Државниот просветен инспекторат за поништување на седницата на Сенатот одржана на 12-ти март и поништување на одлуките донесени од истата седница, се вели во соопштението испратено до медиумите од Сенатото на универзитетот.
Како што се наведува во дописот, сенатот на денешната седница ја поништил одлуката донесена од ова тело од 31-ви јуни 2012 година за избор на Нинослав Марина за ректор на Универзитетот, поради не исполнувае на законски норми и непочитување на статутарните одредби при избор на ректор на Универзитетот. Поништени биле и одлуките за избор на проректори.
Сенатот информира дека постапил по времената одлука на основниот суд во Охрид и ги предал службените печати, кои се вратени раце на оспорената управа која, попладнево, согласно судското решение влегла на универзитетот.
Во соопштението не се наведува на чија иницијатива е свикана седницата на сенатот, и дали за тоа бил известен ректоратот, на што забешешки имаше ресорното министерство, но се наведува дека борбата на професорите и понатаму продолжува по институциите на државата, од која се бара да постапи по претставките за вонреден инспекциски надзор во врска со случајот кој го тресе УИНТ Охрид.
Инаку претходно, поради прекршување на процедури Државниот просветен инспекторат по извршен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид донесе решение за поништување на последната седницата на сенат одржана на 12-ти март поради прекршување на Законот за виското образование и Статутот на универзитетот. Исто така беа поништени и одлуките на сенатот донесени на истата седница за назначување времена управа на универзитетот, а Министерството за образование и наука побара од членовите на сенатот да постапат по укажувањата на надлежниот инспекторат, да и овозможат на актуелната ректорска управа непречено извршување на работата и да ги почитуваат процедурите за свикување и одржување на седници на највисокиот орган на универзитетот.