Охрид и Спортската Арена “Билјанини Извори“ и оваа година ќе бидат домаќини на уште еден спортски настан. Tрадиционално добрата соработка на ЈП Билјанини Извори и кошаркарската федерација на Македонија продолжи и оваа година со заедничката организација на Европското првенство во кошарка за сениорки Ц дивизија.


Европското првенство ќе започне на 9 јули, а финалето ќе се одржи на 15 јули. Во овој период ќе се одиграат вкупно 20 натпревари при што во спортската Арена ќе продефилираат осум европски репрезентации.

ЈП Билјанини Извори како и до сега спремно го очекува стартот на шампионатот, подготовките за првенството се во завршна фаза така што јас само сакам да ги поканам сите љубители на кошарката и спортот да бидат дел од ова првенство и заедно со нас да оставиме добра референца за во иднина уште повеќе ги подотвориме вратите и за многу други спортски европски настани се со цел промоција и афирмација на Охрид и Македонија. – вели директорот на ЈП Билјанини Извори , Боро Шајн.


На ЕП за мали земји, Македонија е во групата Б со Австрија, Гибралтар и Велс. На шампионатот ќе учествуваат уште Шкотска, Малта, Азербејџан и Молдавија кои ја сочинуваат групата А.