Еден од најгледаните македонски филмови „Сенки“ на режисерот Милчо Манчевски, деновиве беше прикажан германско-францускиот канал „Арте“.

До сега, филмските остварувања на Манчевски се прикажани на повеќе од 200 меѓународни фестивали, а дистрибуирани се во над 50 земји.
Инаку, во 2008-та година „Сенки“ беше најгледан филм во земјава. Главните улоги ги толкуваат Борче Начев, Весна Станоевска, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Сабина Ајрула, Ратка Радмановиќ и Филарета Атанасова.
OhridNews












