Четирикратниот светски првак Италија доживеа нова фудбалска катастрофа и ќе го пропушти третиот Мундијал по ред. Во бараж натпреварот што се одигра вечерва во Зеница, БиХ и Италија одиграа нерешено 1:1. Немаше голови во продолженијата, а во пенал серијата Еспозито и Кристанте шутираа непрецизно, додека домаќините реализираа четири пенали со што ја заверија визата за Светското првенство, прво за нив по тоа во 2016 во Бразил, второ севкупно.

Италија поголем дел од натпреварот одигра со играч помалку откако Бастони беше исклучен во 41 минута.

Пенали го решија победникот и во баражот помеѓу Чешка и Данска. Во регуларниот дел резултатот беше 2:2, а Чешка славеше по изведувањето пенали 3:1.

Турција славеше над Косово на гости 0:1. Стрелец на единствениот гол вреден Мундијал, беше Актуркоглу во 53 минута.

Последното место на Светското првенство од Европа и припадна на Шведска која во драматичен бараж натпревар ја совлада Полска со 3:2 со голот на Ѓокереш во 88 минута.

Македонија која во полуфиналето од баражот беше елиминирана од Данска, вечерва одигра пријателски натпревар со Ирска која, пак, претходно беше елиминирана од Чешка. Мечот заврши без победник 0:0.

Г.М.