Малку познатата естонска тенисерка Анет Контавејт приреди вистинска сензација на Мастерс турнирот во Рим, откако во второто коло ја елиминира првата носителка, Германката Анжелик Кербер.
Контавејт,која пласман на турнирот избори низ квалификациите и која на ВТА листата е на 73.место, за само 56 минути ја декласира светската тенисерка број 1.
Во меч, во кој имаше 32 винери, а Кербер само седум, а односот во освоени поени беше 60-37, Конатавејт славеше 6:4, 6:0.
Во осминафиналето Конавејт ќе игра против Хрватката Лучиќ-Барони на која вчера Марија Шарапова и го предаде мечот.
Инаку на Мастерсот во Рим испадна и првиот носител во машка конкуренција. Британецот Енди Мари, во вторникот, во два сета (6:2, 6:4), загуби од домашниот тенисер Фабио Фоњини.
OhridNews