Без победник (1-1) заврши пресметката на Гудисон Парк меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед во 14-та рунда од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, водство имаа од 42-та минута после голот на Златан Ибрахимовиќ се до 89-та, кога Маруане Фелаини направи фаул во својот казнен простор. Лејтон Бејнс прецизно го реализираше ударот од белата точка и го спаси својот тим од пораз.
Пред овој дуел, Бурнмаут приреди сензација победувајќи го Ливерпул со 4-3, иако во текот на мечот имаа негатива 2-0 и 3-1.
Резултати: Бурнмаут – Ливерпул 4-3, Евертон – Мен Ју 1-1
OhridNews