Англискиот Лига куп ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед на сензационален начин изгуби од Бристол Сити (2-1) во четвртфиналето.
Членот на Чемпионшип пласман помеѓу најдобрите четири во Лига купот избори со гол во последната од судиското продолжение. Дека има простор за сензација најави Бристол на стартот од вториот дел кога поведе 1-0, но Ибрахимовиќ со гол од слободен удар одма ги смири страстите. Домаќините, откако оддолеаја на сите напади од „црвените ѓаволи“ најдоброто го зачуваа за крај кога постигнаа погодок вреден пласман помеѓу четирите најдобри.
На драматичен начин и Челси се избори за полуфинален билет во Лига купот. Човек на одлука на Стемфорд Бриџ беше Алваро Мората кој за 2-1 погоди длабоко во судиското продолежение.
Претходно помеѓу полуфиналистите се најдоа Манчестер Сити и Арсенал.
OhridNews












