Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона се впуштија во битка за потписот на Џејмс Варди кој брилира сезонава во дресот на Лестер во Премиер лигата.


Варди за фантастичните игри во Лестер како награда доби повик во селекцијата на Англија, а со тоа и го сврте вниманието кон себе.

Покрај шпанските гиганти за услугите на Варди се заинтересирани и англиските екипи, но до сега јавно за неговиот потпис јавно се искажаа Реал Мадрид и Барселона.

„Лисиците“ по 12 одиграни натпревари во англиската лига заостануваат само еден од бод од водечките Манчестер Сити и Арсенал, а еден бод се пред Манчестер Јунајтед.

Мх.П.