Американскиот тенисер Сем Кереј се искачи на подиумот на турнирот во Мексико совладувајќи го Рафаел Надал во два сетови (6-3, 7-6) во финалето.


Кереј кој не беше меѓу фаворитите за трофејот на турнирот од серијата 500 во Акапулко за повеќе од час и половина го преслуша Шпанецот кој според резултатите до финалето се одвои од останатите конкуренти.

Американецот во осмиот гем при водство 4-3 направи брејк, односно доби гем на сервис од Надал. Потоа не му дозволи рибрејк на Шпанецот и поведе со 1-0.


Во вториот сет се играше изедначено, а Кереј го доби во тајбрејк со 7-3 и се закити со златен медал и важни бодови на АТП листата.

OhridNews