На големо се шпекулира за иднината на Лионел Меси и дека оваа сезона е последна за Аргентинецот на Ноу Камп.


Аргентинските медиуми само долеаја масло во огнот откако најавија сензационален трансфер на Меси во тимот на Челси.

Најавите одат до таму дека тој самиот го одбрал клубот во кој ќе ја продолжи блескавата кариера.

Голема улога во изборот на Меси имал неговиот поранешен соиграч Цеск Фабрегас и спортската компанија Адидас, која е заштитен знак на „сините“.

Мх.П.