Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер најверојатно ќе ја прекине авантура во дресот на Чикаго и ќе се врати во Европа, а како една од опциите е тимот на Партизан.
Клучна улога во преговорите помеѓу агентот на Германецот и клубот би требало да одигра неговата сопруга Ана Ивановиќ која потекнува од Србија.
Со Швајнштајгер во составот Партизан ќе добие големо искуство и ветар во грб во борбата со Црвена Ѕвезда за првата позиција во српската лига и за двомечот со Викторија Плзен во Лигата на Европа.
Германецот сите младинските категории ги помина во Баерн Минхен. Тој успеа да биде капитен на „баварците“ и на германската репрезентација која триумфираше на Мундијалот во Бразил.
На стариот континент Швајнштајгер го носеше дресот уште на Манчестер Јунајтед и замина во тимот на Чикаго кој се натпреварува во МЛС лигата.
OhridNews