Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мет Хумелс неколку години е желба на Манчестер Јунајтед и Барселона, а на крајот најверојатно ќе тргне по стапките на Марио Геце и Роберт Левандовски и ќе го засили лутиот ривал на својот клуб Баерн Минхен.
Германскиот репрезентативец токму од Алијанц Арената премина на Вестфален 2009 година за 4 милиони евра и стана симбол и капитен последниве сезони по заминувањето на „старата гарда“ во дресот на „милионерите“.
Сензационалниот трансфер во најава го обелодени германски Билд, а весникот проценува дека „баварците“ на својот ривал од Бундес лигата ќе му исплати 30 милиони евра.
Масло во огнот кој разгорува додаде таткото на Мет Хумелс кој за германските медиуми изјави дека ако замине од Дортмунд ќе биде еден клуб од ТОП 5 во светот во кој се наоѓа и Баерн Минхен.
OhridNews