Сензационален триумф на МЗТ Скопје на премиерата во АБА Јадранската лига. “Штрковите“ во домот на еден од најдобрите светски кошаркари “Дражен Петровиќ“ со 77-72 ја совладаа Цибона.


Неможеа да посакаат подобро деби избраниците на Тодоров, кои со оваа победа уште повеќе ќе ја подгреат атмосферата во пресрет на домашното деби во среда во арената “Борис Трајковски“ против Широки Брег.

Најпрецизен беше Дејвис со 21 поен, Ѓорѓи Чековски постигна 13 поени и имаше осум скокови. Дамјан Стојановски уфрли 12 поени,  Тодор Гечевски постигна осум поени додека Ноа Далман и Урош Николиќ реализираа по шест поени.

Ohridnews