Сензационлен триумф на Охрид на гостувањето во Скопје против Работнички со 2-1. Натпреварот кој се одигра на “Филип Втори“ арената беше одлучен во вториот дел со голот на Димоски.


Тодоровски во шестта минута го отвори резултатот, а Далчески во 23. ги изедначи силите. Огромните три бода ги осиугура Димоски во 63 минута со неговиот трет погодок во низа.

По 10 одиграни рунди Охрид со 12 бода се наоѓа на деветтото место на табелата.

М.П.