Германската тенисерка Анџелик Кербер го освои трофејот на Австралија Опен победувајќи ја во финалето првата носителка Серена Вилијамс во два сетови (6:4, 3:6, 6:4).
Кербер во драматичното финале во Мелбурн успеа да го направи она што не им успеало на поголеми тенисерки да ја совлада помладата од сестрите Вилијамс.
Американката го загуби првото финале по седум години и ја пропушти можноста да се изедначи со Маргарет Корт по освоените титули во Автралија.
Со титулата од првиот гренд слем турнир за годинава Кербер ја врати славата на тенисот во Германија откако исчезна по повлекувањето на Штефи Грав.
До сега најголемите успеси на Кербер беа пласманите во полуфиналињата на УС Опен 2011 година и Вимболдон 2012 година.
Финалето во женска конкуренција е само најава за она што ќе се случува во машка каде ќе се сретнат пријателите Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
OhridNews













