Македонската ракометна репрезентација забележа сензационален триумф над светскиот вицепрвак Франција со 30-27. Победата над “триколорите“ широко ја отвара вратата за “македонското девојче“ кон европскиот шампионат.
Николиќ (екс Портјанко) со девет постигнати голови (шест од шест од линијата за седум метри) беше најпрецизна во македонскиот состав, осум постигна Пецевска, додека Бајрамовска и Мечевска по четири.
– Го направивме невозможносто. Успеавме да славиме над Франција и да го продолжиме европскиот сон. И благодарам на публиката која дојде да не бодри во “Кале“ и ги поканувам на мечот со Турција, кој ќе биде последен во нашата група да дојдат повторно и заедно да го прославиме пласманот на Еврото – рече Пецевска.
По трите одиграни рунди, Македонија со 4 бода е на делба на првата позиција со Франција, против која и го играме наредниот натпревар в недела во Клермон.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...