Чуварот на мрежата на американската женска репрезентација Хоуп Соло го обвини некогашниот предводник на ФИФА, Сеп Блатер за сексуален напад.

36-годишната Соло тврди дека инцидентот се случил 2013 година на доделувањето на наградите за најдобрите од ФИФА пред да се појави на бината.

– Бев многу нервозна поради моето појавување на сцената, а тој со фаќањето за задникот дополнително ми направи притисокот. Тој потег беше грозен чин, бидејќи никогаш во мојот живот никој така ме нема допрено. Секогаш директно се соочував со проблемите, но тогаш немав простор и време и поради тоа се осеќав многу лошо. – изјави Американката.

ПР-менаџментот на Блатер веднаш се огласи на социјалните мрежи отфрлајќи ги сите обвиненија на сметка од Швајцарецот кој цели 17 години беше на чело на ФИФА.

OhridNews