После крахот со новиот начин на квалификации на трката за ГН на Австралија, од Бахреин истите се враќаат по старо.
Наместо возбудувања новиот начин на квалификации донесе невидена монотонија. Со овој начин со испаѓање на возач на секои 90 секунди, посебно во Q-3 кога не само што не се виде ништо интересно туку не се виде ни еден возач на патеката, Бахреин е место каде се се’ враќа по старо во однос на квалификациите.
На оваа тема после трката во Австралија се одржа итен состанок на шефовите на F1 тимовите.
“Имавме состанок и донесовме едногласна одлука да се вратиме на стариот формат на квалификации. Сега оваа одлука мора да се ратификува од страна на F1 комисијата и баш би сакал да видам дали некој има храброст да го поддржи новиот систем. Се би требало да се реши за неколку дена“ – изјави Тото Волф, шефот на Мерцедес.
Запрашан дали имало многу дискусија или не сложување помеѓу шефовите, Влоф додаде: “Дискусијата беше многу позитивна. Дел од тимовите беа на мислење дека Q1 и Q2 треба да останат како во новиот систем само заради тоа да не се замерат со FIA. Но сепак на крајот разумот победи. Сакаме да се вратиме на нешто кое го разбираме и нешто што е јасно. Бараме стариот систем на квалификации да остане до крајот на сезоната, а после оваа сезона ќе разговараме за некаква модификација“.
OhridNews