Бразилецот, Фелипе Маса од F1 се повлече минатата 2016 година и тоа на многу емотивен начин. Но, ненадејното пензионирање на светскиот првак Розберг му отвори пат на возачот на Вилијамс, Валтери Ботас место во Мерцедес.

Ова денеска го потврди и Вилијамс но исто така соопшти дека му понудил на Маса одложување на повлекувањето барем за една година.

– Со задоволство ја прифатив понудата на Вилијамс. Мојот план беше да се натпреварувам во некоја друга серија, но овој тим ми е во срцето. Валтери доби одлична понуда и му посакувам се најдобро во Мерцедес. Јас секако дека не ја имам изгубено желбата за тркање и мотивиран се враќам да го возам новиот FW40. Исто така многу се радувам на соработката со Строл. Долго го познавам, го пратам некоговиот развој и нестрплив сум да видам што ќе оствариме заедно. – изјави Фелипе Маса.

Ф1: Ботас место шампионот во Мерцедес

OhridNews