Десетина дена по врнежите од снег во Охрид, улиците во населбата Месокастро се исчистени од мразот кој сериозно го попречуваше движењето на локалните жители. По сторијата на OhridNews за состојбата во оваа градска населба, надлежните јавни служби го исчистија снегот од калдрмата, со што полека се нормализира животот на граѓаните во овој дел од Охрид.

Кон нормализирање на состојбата придонесе и порастот на температурите викендов, кои го топат снегот, но веќе во понеделник, според најавите на метеоролозите, не очекуваат нови врнежи.

OhridNews