Новопечениот англиски репрезентативец Џејми Варди ја продолжи верноста со лидерот во Премиер лигата, Лестер до 2019 година, но во новиот договор има откупна клаузула од 38 милиони евра.


Тоа значи дека ако некој клуб му плати толкава сума на пари на Лестер, клубот ќе мора да го ослободи Варди и тој ќе ја напушти екипата каде што се воздигна во фудбалските височини.

Иако при потпишувањето на новиот договор никој не спомена клаузула, сепак, англиските новинари открија „дупка“, која ја разбранува јавноста.

Манчестер Јунајтед и Челси будно ја следат ситуацијата околу Варди кој со 19 погодоци е најефикасен голгетер во англиската Премиер лига.

На девет меча до крајот на сезоната во Англија, Лестер е прв на табелата со пет бодови предност од второпласираниот Тотенхем и осум од третиот на табелата Арсенал.

OhridNews