Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид не се откажува од купувањето на фудбалери од францускиот првак Пари Сент Жермен, иако имаше неуспешен обид да ги ангажира Нејмар и репрезентативецот на „триколорите“, Килијан Мбапе.

Одлуката на „кралевите“ паднала на Едисон Кавани кој е и трет член на „светците“ во навалната линија во екипата. Уругваецот, со својот квалитет и пред се искуство треба да биде од голема помош за новиот стратег Хулен Лопетеги кој ќе мора да го надополни отсуство на Кристијано Роналдо.

31-годишниот фудбалер има уште две години од важечкиот договор со „светците“, а висината на оштета ако двете страни договорат трансфер нема да биде поголема од 15 милиони евра, бидејќи Кавани добива голема плата.

Репрезентативецот на Уругвај францускиот состав го засили од Наполи за 55 милиони евра. Во 245 настапи за „светците“ напаѓачот има постигнато 170 погодоци.

OhridNews