Изградбата на „Северната обиколница, улицата „Железничка“ се уште целосно не е завршена, иако надлежните најавија дека тоа ќе се случи до средината на месец септември.

– Задоволни сме од тоа како се одвиваат градежните работи. Знаеме дека имаше одредени имотно правни проблеми кои сега целосно се решени, така што објективно е до средината на септември да завршат градежните работи со што ќе се подобри патната инфраструктура на градот Охрид  за што се инвестирани  2,5 милиони евра, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на 10 јули, кога, заедно со директорката  на Агенцијата за изградба на патишта го посети градилиштето на улицата „Железничка“.


Железничка“ се уште не е готова

Со реконструкцијата, „Железничка“ од улица ќе стане булевар, кој во голема мера треба да го растовари сообраќајот во Охрид, особено во летната туристичка сезона кога бројот на возила во градот неколкукратно се зголемува.


Источната обиколница остана на ветување

Покрај северната обиколница, што ја гради државата, пред неколку години започна и трасирањето на источната обиколница што ја гради локалната самоуправа. И покрај ветувањата  изградбата на оваа стратешка сообраќајница оди тешко.

– Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето,истакна при отпочнувањето на  градежните активности во септември 2008 година, градоначалникот на Охрид Александар Петрески.Иако обиколницата се уште не е завршена таа доби име. На иницијатива на ВМРО НП, во декември минатата година Советот изгласа одлука  источната трансферзала да го носи името на поранешниот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков.

OhridNews