Легандарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го преброди најлошото и сам се разбуди од индуцираната кома во која го чуваа докторите после операцијата на главата.
Шкотскиот стручњак кој како тренер на Манчестер Јунајтед стигна до 38 трофеи во саботата рано претпладне беше пренесен во лоша здраствена состојба во најблиската болница, а потоа префрлен во друга посвремена клиника во која беше и опериран.
Информацијата за Фергусон ја потврди клубот од Олд Трафорд кој му се заблагодари на сите фанови и љубители на фудбалот за поддршката и на персоналот во болницата за професионалноста.
Фергусон од активниот фудбал се повлече во јуни 2013 година, а од тогаш работеше како амбасадор на Манчестер Јунајтед во светскиот фудбал. Последен пат Фергусон на терените се појави на дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед – Арсенал, кога со сите почести го испрати Арсен Венгер од лондонскиот премиерлигаш.
OhridNews