Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон итно со возило на брза помош бил пренесен во болница поради влошувањето на здраствената состојба.
Како што пренесува „Дејли Меил“, 76-годишниот имал крварање во мозокот и итно бил опериран во болницата во близина на неговиот дом. Потоа, со полициска придружба бил префрлен во друга клиника, каде што ќе биде под лекарски надзор.
Информацијата ја потврди и Манчестер Јунајтед кој најави позитивни вести. – Првата операција помина добро, но ќе му треба за опоравување. Негово семејство бара приватност и ќе ве молиме да го почитувате.
Фергусон, минатиот викенд на Олд Трафорд со сите почести го испрати Арсен Венгер од Олд Трафорд, а состојбата му се влошила денеска сабајлево.
OhridNews