Сер Алекс Фергусон се разбудил од индуцираната кома и ги покажал првите ветувачки знаци за успешно закрепнување после операцијата на главата, пренесуваат англиските медиуми.

Најуспешниот менаџер во британскиот фудбал останува на интензивна нега под 24-часовен надзор од докторите во Кралската болница Салфорд, каде беше примен во саботата во лоша здраствена состојба.

Докторите на најблиските членови од фамилијата на Фергусон му влеале оптимизам за негово опоравување, но напоменале дека процесот ќе биде долг и бавен поради тешката операција.

Оваа информација е прва која англиските медиумите ја спроведуваат, а е проверена, затоа што претходно освен што е Фергусон во болница во лоша состојба ништо друго не беше познато.

Поранешните и сегашните играчи на Манчестер и влијателни имиња во фудбалот му испратија пораки со поддршка на легендарниот шкотски стручњак кој освои 38 трофеи на клупата од „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд.

OhridNews