
Башким Чолаку, досегашен помошник командир во полициската станица за гранични проверки Ќафасан, со решение на директорот на бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, е поставен за помошник началник на СВР Охрид.
Согласно решението на директорот м-р Чавков, Аце Вељјаноски е поставен за началник на одделението за криминалистичка полиција. Вељјаноски во изминатиов период времено ја извршуваше истата должност.
Велко Спространов, со решение на директорот м-р Митко Чавков е поставен за началник на оделението за полиција во СВР Охрид. Спространов, претходно ја извршуваше должноста командир на полициската станица од општа надлежност Охрид.
OhridNews











