Серена Вилијамс против Наоми Осака во финалето на УС Опен
07.09.18 10:35
Поранешната тенисерка број 1 во светот, Серена Вилијамс се пласира во деветтото финале на Ју Ес Опен по успехот со 6:3, 6:0 над Анастасија Севастова.
Соперничка на Американката, која има освоено 23 Гренд слем титули, ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ја победи Американката Медисон Кис со 6:2, 6:4 во другото полуфинале и ја постигна првата победа над оваа соперничка од која имаше три порази до овој момент.
При евентуален успех во дуелот за трофејот, Серена ќе се израмни по освоени титули од „големата четворка“ со Маргарет Кортни. Серена е шесткратна победничка во Њујорк, а за последен играше во финалето во 2014 година.
Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...