Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе му се врати на тенисот многу порано од најавеното после раѓањето на нејзиното прво дете. Вилијамс го потврди учеството на турнирот во Абу Даби кој е најава за австралискиот Грен слем турнир и ќе се одржи од 28 до 30 декември.

Вилијамс се породи на 1 септември, а на свет донесе женско дете. Таа од тенисот паузираа од јануари месец кога ја објави информацијата за својата бременост. 

Веста за враќањето на Вилијамс ги израдува организаторите, бидејќи се соочија со многу откажувања во пресрет на пријавувањето во машка конкуренција. Турнирот кој на некој начин означува почеток на сезоната ќе го прескокнат Рафа Надал, Стен Вавринка и Милош Раониќ.

OhridNews