Серена Вилијамс пред домашната публика во 1/2 финалето на УС Опен го претрпе најтешкиот пораз во кариерата губејќи од Каролина Плишкова во два сетови (6-2, 7-5) за час и половина.
Помладата од сестрите Вилијамс како никогаш до сега изгледаше немоќна да стори нешто повеќе против Плишкова која не покажа ниту грам респект кон најдобрата тенисерка.
Овој пораз нема да ја чини само пласман во финалето на Вилијамс туку и губење на првото место на ВТА листата. На нејзиното место на врвот ќе се искачи германската тенисерка, Анџелик Кербер.
Германката, освојувањето на врвот на ВТА листата може да го круниса со трофеј од америчкиот гренд слем турнир откако во 1/2 финалето во два сетови ја совлада Данката, Каролин Вознијацки во два сетови (6-4, 6-3).
Финалниот натпревар меѓу Кербер и Плишкова се игра в сабота во 22 часот.
OhridNews