Најдобра тенисерка во женска конкуренција, Серена Вилијамс принудно ја заврши сезоната, откако објави дека очекува принова во фамилијата со својот сопруг Алексис Оханиан.


Помладата и поуспешната од сестрите Вилијамс се наоѓа во 20-та недела од бременоста и ги откажа сите настапи до крајот на годината, а можеби и потоа, бидејќи ќе навлезе во својата 36-та година од животот.

Серена Вилијамс апсолутно доминира моментално во женскиот тенис и со 23 освоени титули од грен слем турнир ја прави најуспешна.

OhridNews