Американската тенисерка Серена Вилијамс по седми пат го освои трофејот на најстариот гренд слем турнир во светот, Вимболдон победувајќи ја Анџелик Кербер во два сетови (7-5, 6-3) во големото финале.
Седмиот трофеј од англискиот гренд слем турнир е вкупно 22-ри за Американката во историјата со што се изедначи со легендарната тенисерка, Штефи Граф.
Со победата во финалето на Вимболдон, Вилијамс исто така и се реваншираше на Кербер за поразот во финалето на Австралија Опен на почетокот од новата сезона.
Американката доминираше во двата сетови и за еден час и 23 минути ја „преслуша“ Германката која овој пат немаше одговор за нападите на најдобрата светска тенисерка.
Судејќи по формата и желбата за игра ништо чудно Вилијамс да ја мине и рекордерката по бројот на освоени гренд слем титули, Маргарет Корт со 24 трофеи.
Мх.П.