Серена Вилијамс стана мајка, откако во болницата Вест Палм Бич на Флорида, роди девојче.

Вилијамс (35) во болницата била примена во средата, а во петокот го роди своето прво дете, изјавил за медиумите нејзниот тренер Патрик Муратоглу.

„Ти честитам Серена. Толку сум среќен поради тебе“, напишал на социјалните мрежи Муратоглу.

Некогаш најдобрата во светот и една од најдобрите на сите времиња на турнирите нама учествувано од јануари годинава, кога објави дека е бремена. Таа во јануари го освои гренд слемот во Мелбурн.

Серена и нејзиниот срвшеник Алексис Оханијан, кој е еден од основачите на сајтот Редит, сеуште официјално не потврдиле дека станаа родители.

OhridNews