Помладата од сестрите Вилијамс, Серена е освојувач на титулата на Австралија Опен, откако во финалето ја совлада Венус со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) по 1 час и 22 минути игра.
За американската тенисерка ова е седма титула од австралискиот грен слем турнир, вкупно 23-та во кариерата со која ја мина Германката, Штефи Граф на вечната листа во „опен ерата“.
Што се однесува до финалниот натпревар, Венус одлично го отвори и го контролираше мечот, но Серена со еден брејк го „скрши“ првиот сет и го доби со 6-4. Идентично Серена го доби и вториот сет кој и ја донесе седмата титула вкупно од АО Опен.
Годинешното издание на Австралија Опен ќе заврши со финалето во машка конкуренција во кое ќе се сретнат Рожер Федерер и Рафаел Надал.
OhridNews