Американската тенисерка Серена Вилијамс триумфираше на Австралија Опен. Во финалето Вилијамс ја совлада Марија Шарапова во два сетови (6-3, 7-6).
Женскиот рекет број еден ги надмина проблемите со настинката и против Шарапова во финалето демонстрираше врвен тенис.
Титулата освоена годинава за Американката е шеста на Австралија Опен и тоа без ниту едно изгубено финале.
Мх.П.