Лидерот во англиската Премиер лига, Манчестер Сити со голот во судиското продолжение на Серхио Агуеро победи (2-1) со Бристол Сити и обезбеди минимална предност после првиот полуфинален натпревар во рамките од Лига купот.

Бристол Сити кој го елиминираше Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето блиску беше до нов сензационален резултат. Гостите поведоа со 1-0 и на одмор заминаа со позитива. После десет минути игра во второто полувреме Кевин Де Брујне изедначи на 1-1, а жилавиот отпор на гостите го скрши Агуеро со голот во втората минута од продолежението.

Без разлика на поразот најпријатното изненадување во Лига купот сезонава пред своите гледачи ќе има свои шанси за историски настап во финалето. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Челси – Арсенал.

OhridNews