Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро заврши со своите клупски обврски сезонава, откако го оперираше левото колено.

Од терените и тренажниот процес 29-годишниот фудбалер ќе отсуствува четири недели, но ќе биде фит и ќе му биде на располагање на аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли за престојниот Мундијал во Русија.

– Рехабилитацијата почна од операцијата на моето лево колено. Силно сум мотивиран да се вратам назад и да бидам максимално подготвен за мечевите од СП. – напиша Агуеро на социјалните мрежи.

Сампаоли нема причина да биде загрижен за операцијата на Агуеро, бидејќи напаѓачи кои конкурираат за влез во селекција има многу, а место за сега нема за Мауро Икарди и Пабло Дибала.

OhridNews