Серхио Агуеро го загуби своето место во стартниот тим на Манчестер Сити, бидејќи менаџерот Пеп Гвардиола не е задоволен од неговото однесување на теренот и надвор од него. Предност во тимот добива бразилскиот тинејџер Габриел Жесус, а доброупатените тврдат дека Аргентинецот ги брои последните месеци во Сити.
Агуеро е во лоша форма, го загуби првотимскиот статус и не е невозможно тој да замине. Во минатото Реал и уште неколку други екипи покажуваа сериозен интерес за поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид.
Англиските медиуми објавија дека челниците на Манчестер Сити, нема да се противат Агуеро да го напушти клубот, но само под услов некој да плати 93 милиони евра.
Според нив, за Агуеро се распрашуваат Реал и ПСЖ, но најавуваат дека сериозен конкурент ќе имаат во Интер чии кинески сосптвеници планираат во летниот преоден рок, во реновирање на тимот да вложат 400 милиони евра.
OhridNews