Напаѓачот Серхио Агуеро нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити по неговото истекување во јуни 2019 година.


Тој својата одлука за непродолжување на договорот ја образложи дека сака да се врати во својот прв клуб Индепендиенте пред да биде престар за игра.

– Секогаш сакав да се вратам во клубот каде што започнав и ќе го направам тоа. Ќе се вратам по истекувањето на договорот со Манчестер Сити. Камбек сакам да направам кога се уште ќе сум моќен да и помогнам на екипата која во срцето ми е од третата година во животот. – рече Агуеро за „Goal.com“.

Првиот настап Агуеро за Индепендиенте во Аргентина го имаше на 15 години и 35 дена што се уште преставува рекорд во Супер лигата.

Со оваа одлука Агуеро ги фрли во вода сите пишувања за негова преселба на Сантијаго Бернабеу која беше најавувана како бомба на зимскиот преоден рок. 

Ohridnews