Фудбалерот на Манчестер Сити и членот на аргентинската репрезентација, Серхио Агуеро се онесвестил во соблекувалната на полувремето на дуелот помеѓу неговата репрезентација и Нигерија.

После првата лекарска интервенција Серхио Агуеро итно бил префрлен во болница и дури таму со помош на терапија се освестил и почнал да комуницира.

Агуеро имал вакви слични проблеми во младоста, но до сега никогаш не се повториле јавуваат докторите од Аргентина и клубот од Етихад каде редовно напаѓачот ги минува медицинските прегледи.

Што се однесува до натпреварот Аргентина го загуби со 4-2, а еден од головите за „гаучосите“ постигна Серхио Агуеро и стигна до третото место на вечната листа на стрелците.

OhridNews