Eкипата на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Еспањол го претрпе првиот пораз сезонава во Ла лига, откако домашните фудбалери победија со минимални 1-0.
Трите бодови за составот на Еспањол ги донесе Серхио Гарсија кој победничкиот погодок го постигна во 88-та минута од натпреварот. Претходно двете екипа имаа свои шанси, но не ги реализираа.
Поразот на „јорганџиите“ добро ќе им дојде на Реал Мадрид и Барселона кои утре со почеток во 13 часот ќе ги одмерат силите во „Ел класико“ дербито.
OhridNews