Светскиот шампион од 2010 година Шпанија имаше турбелетна најава на Мундијалот во Русија, откако челниците на шпанската фудбалска репрезентација ден пред официјалниот почеток го отпуштија Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид кој ќе предводи од клупата. За селектор го поставија Фернандо Иеро кој ќе има деби против европскиот првак Португалија.
Капитенот на „црвената фурија“, Серхио Рамос на пресконференција во пресрет на на дербито со Португалија ги искара шпанските новинари кои воопшто не биле среќни и расположени.
– Што побрзо сакам да заминам од овој прес центар, бидејќи ова повеќе личи на погреб, отколку на средба со новинарите. Нам во фокусот ние дуелот со Португалија, а се останато е минато. Мора да се почитува секоја одлука на челниците затоа што Шпанија е поголема од секого. – изјави дефанзивецот.
Шпанија и Португалија силите ќе ги одмерат во 20 часот во рамките од првата рунда во Б групата. Претходно, во првиот меч ќе се сретнат Мароко и Иран.
OhridNews