Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос го одби новиот договор, кој управата на „кралскиот“ клуб му го понуди.
Се уште не се знае какви услови му понудил Реал Мадрид на еден од најдобрите фудбалери во составот последниве години.
Договорот на стоперот му истекува по завршување на сезоната 2017 година, а клубот и тој најверојатно ќе седнат на маса уште еднаш.
По ваквите објави премиерлигашите Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед веднаш покажаа интерес за шпанскиот репрезентативец.
Мх.П.